Градежен Институт Македонија известува:
четврток, 26 декември 2002
Согласно Договорот за котација, Градежен Институт Македонија АД Скопје, известува за следното:
1.Извршена е промена во структурата на капиталот на друштвото, со извршената блок трансакција на ден 26.12.2002 година од страна на Универзитетот “Кирил и Методи“, “Заводот за испитување на материјали“-Скопје, при што се купени 2.569 акции, односно 18,35% од основната главнина на друштвото.
2.Врз основа на Одлука за откуп на сопствени акции досега Градежен Институт Македонија АД Скопје има купено 195 акции, односно 111 акции на ден 30.12.2002 година и 84 акции на 13.01.2003 година.