Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 25.11.2024 година Прилепска Пиварница АД Прилеп изврши откуп на 257 сопствени обични акции по цена од 36.000,00 денари за една акција, преку една системска блок трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 25.11.2024 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Комерцијална банка АД Скопје - 202 обични акции
- Алкалоид АД Скопје - 11 обични акции
- Македонијатурист АД Скопје - 302 обични акции
- РЖ Техничка контрола АД Скопје - 1.165 обични акции
- Уготур АД Скопје - 29 обични акции
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 27 обични акции
- Македонски Телеком АД Скопје - 58 обични акции
- Тетекс АД Тетово - 52 обични акции