Проспекти на Фершпед АД Скопје и Хотели-Метропол АД Охрид
петок, 26 ноември 2004
Од денес, 26.11.2004 година, на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари, може да се најдат проспектите на Фершпед АД Скопје и Хотели-Метропол АД Охрид, друштва кои од 01.12.2004 година ќе котираат на Официјалниот пазар на Македонската Берза.