Македонијатурист АД Скопје - откуп на сопствени акции
среда, 26 ноември 2003
Македонијатурист АД Скопје информира дека согласно одлука на Собранието на друштвото, од добивката за 2002 година издвоени се 12.000.000 денари за купување на сопствени акции.
Заклучно со 20.11.2003 година друштвото има купено 10.503 сопствени акции во вредност од 9.589.402 денари. Оттаму, друштвото планира со остатокот од средствата да откупи уште околу 2.500 сопствени акции.