Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 25.10.2004 година
вторник, 26 октомври 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 25.10.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Гранит АД Скопје изврши откуп на 1.011 сопствени обични акции, по цена од 90 денари за една акција, преку 5 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 25.10.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Тетовска банка АД Тетово – 97 приоритетни партиципативни акции, 143 приоритетни кумулативни акции.