Ве известуваме дека на 26.01.2021 година Берзата изврши бришење на издавачот Либерти АД Скопје од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Либерти Холдко Галати & Скопје Лимитед од Лондон, Обединето Кралство.
Либерти АД Скопје беше внесена на 11.11.2020 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на Либерти Холдко Галати & Скопје Лимитед од Лондон, Обединето Кралство.