Ве известуваме дека повторно се активира правото на Ауктор&Хита Брокери АД Скопје да настапува како членка на Берзата започнувајќи од 25.08.2011 година.
Имено, до Македонска Берза АД Скопје на 25.08.2011 година е доставена Одлука бр. 02-4714/1 од 25,08,2011 година, донесена од страна на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје за прекин на привременото исклучување на членката Ауктор&Хита Брокери АД Скопје од членство во Депозитарот, со што се исполнети условите за активирање на членството во Берзата на Ауктор&Хита Брокери АД Скопје, согласно Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје.