Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 24.07.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
- 30 сопствени обични акции по цена од 6.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 24.07.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- ОХИС АД Скопје – 54 обични акции,
- Топлификација АД Скопје – 153 обични акции,
- Гранит АД Скопје – 100 обични акции,
- Комерцијална банка АД Скопје – 1.000 обични акции,
- Скопски Пазар АД Скопје – 50 обични акции,
- Алкалоид АД Скопје – 40 обични акции,
- Мaкпетрол АД Скопје – 10 обични акции.
Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
петок, 25 јули 2008