Известување од Комисијата за хартии од вредност
понеделник, 25 јули 2005
Комисијата за хартии од вредност, постапувајќи по член 16 од Правилникот за содржината и начинот на водење Регистар на акционерски друштва, на ден 19.07.2005 година изврши бришење на четири друштва од Регистарот и запиша две нови друштва во Регистарот, со што вкупниот број на акционерски друштва кои се водат во Регистарот изнесува 166.
Од Регистарот на акционерски друштва, поради неипсолнување на критериумите од член 55б, односно 55д од Законот за хартии од вредност, избришани се следните друштва:
- Треска Мебел АД Скопје;
- Карпош-Галантерија АД Крива Паланка;
- Жито Струмица АД Струмица и
- Лихнида АД Охрид.
Во Регистарот на акционерски друштва, согласно член 55 б од Законот за хартии од вредност запишани се следните акционерски друштва:
- Неметали Огражден АД Струмица;
- Бисерка АД Куманово.