Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 24.05.2005 година
среда, 25 мај 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 24.05.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 60 сопствени обични акции, по цена од 2.150 денари за една акција, преку 2 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 24.05.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Карпош АД Скопје - 119 обични акции;
- Гранит АД Скопје - 20.165 обични акции.