Ревидиран извештај за 2003 година на Агроплод АД Ресен
вторник, 25 мај 2004
Агроплод АД Ресен до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 206.000 денари. Вкупната актива на Агроплод АД Ресен на 31.12.2003 година изнесува 1.637.780.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 165.853.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Агроплод АД Ресен може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.