18 ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА
вторник, 25 април 2017

Од 20-21 април во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје се одржа  осумнаесеттата годишна конференција на Берзата. Овој настан на едно место ги обедини претставниците на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност, котираните компании и другите друштва, државните институции и универзитетите и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност.  

Конференцијата со воведни обраќања ја отворија Елизабета Чингаровска, Претседател на Комисијата за хартии од вредност на РМ и Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје.


                                                           

Елизабета Чингаровска, Претседател на Комисијата за хартии од вредност на РМ      Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје

 

                                                             

 

 

Говорот на претседателката Чингаровска можете да го преземете на следниов линк

Говорот на директорот Штериев можете да го преземете на следниов
 линк

Официјалниот дел од конференцијата започна со доделување на наградата  „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2016 година и  награда за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Македонската берза ја додели наградата „Кристално ѕвоно“ на трите  најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2016 година и тоа:

Алкалоид АД Скопје – I место
Комерцијална банка АД Скопје – II место
НЛБ Банка  АД Скопје – III место


За остварувањата коишто овластените учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност ги имаа постигнато во вкупниот промет и вкупниот број на трансакции реализирани на берзата во текот на 2016 година беа наградени:

Илирика Инвестментс АД Скопје, за освоено прво место
Комерцијална банка АД Скопје, за освоено второ место
Еурохаус  АД Скопје, за освоено трето место


Начинот на рангирање на овие учесници околу овој избор можете да го преземете на следниов линк.

Работниот дел на овогодинешниот настан  започна со панел дискусија со тема Поглед во иднината: public vs private компании  каде свои ставови и мислења разменија Ѓорѓи Петрушев, Управител,  М6 Инвестиции, Синиша Крнета, Директор, Белградска берза, Николче Петкоски, Претседател на Управен одбор, Еуростандард банка и Владимир Тодоровиќ, Сопственик, Тинекс.

 




Панел I Поглед во иднината: public vs private компании

 

Втората панел дискусија беше “Управување со “other people’s money”  и пазарот на капитал“ каде своите ставови ги изложија Јосип Главаш, Главен извршен директор, Erste Аsset Мanagement, Хрватска, Марија Бојчинова, Expat Asset Management, Бугарија, Климе Попоски, Претседател на Совет, Агенција за супервизија на осигурување и Џон Јоновски, Phalanx capital. 

 

 

Панел IIУправување со “other people’s money”  и пазарот на капитал

 

 

Модератор на целиот настан беше Кирил Јовановски, Економски Факултет, УКИМ, Скопје.

 

По двете панел дискусии работниот дел на конференцијата продолжи со презентација на Првиот македонски индексиран фонд –Зошто и како? од страна на Горан Марковски, Главен извршен директор, КБ Публикум Инвест.

 

Во рамките на последниот  тематски дел од овогодинешната конференција под наслов НОВИ ТРЕНДОВИ свои презентации имаа:

 ·    Процесот на финансирање на стартапи во Швајцарија и новите глобални трендови - Mike Baur, сериски инвеститор во стартапи во рана фаза и со-сопственик и извршен директор на Swiss Start up Factory.

·       Влијание на новите технологии – Blockchain -  Андреј Шкета

·       Crowdfunding- Hannes Takacs, Помошник Директор, EBRD

·       Презентација на платформата Funderbeam SEE, Дамир Бичаниќ 

 


                                    

 Mike Baur                                                                                                                     Андреј Шкета


                                    

Hannes Takacs                                                                                                            Дамир Бичаниќ 

Воедно на присутните поради најавеното отсуство на Liselotte Hägertz Engstam, Неизвршен член на Одбор, Советник, Startup Coach, Шведска им беше овозможена видео презентација на тема Дигитализација на седници на Одбор на директори и Собранија на акционери.