Известување од Топлификација АД Скопје
понеделник, 25 април 2005
Топлификација АД Скопје известува дека на седницата на Годишното собрание одржана на 21.04.2005 година е донесена следната Одлука за распоредување на нето-добивката по годишната сметка за 2004 година во износ од ден. 98.069.382,00:
1. 15% за Законски резерви денари 14.710.407,00.
2. до 5% за менаџерски тим, управен одбор и надзорен одбор во вкупен износ до денари 4.903.469,00.
3. Дивиденда на Приоритетните акции на ПИОМ
21.343 акции х 174,3455 денари = 3.721.057,00 денари
4. Дивиденда на Обични акции на Акционерите
428.657 акции х 174,3455 денари = 74.734.449,00 денари.