Известување од Лотарија на Македонија АД Скопје
понеделник, 25 април 2005
Лотарија на Македонија АД Скопје го достави ревидираниот финансиски извештај за 2004 година. Извештајот може да се најде на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Лотарија на Македонија АД Скопје известува дека Акционерското собрание на Лотарија на Македонија А Д Скопје одржа седница на акционери на Друштвото на ден 18.04.2005 година, на која се донесени следните Одлуки:
1. Одобрени се Извештаите за работата на Надзорниот и Управниот одбор на Лотарија на Македонија А Д Скопје за 2004 година.
2. Усвоена е годишната сметка и годишниот извештај за работењето на Лотарија на Македонија АД Скопје со Одлуките за усвојување на резултатите од Годишната сметка за 2004 година и за распоредување на добивката за 2004 година со која добивката во износ од 552.161,00 денари се распоредува во резервен фонд.
3. Усвоен е Извештајот за извршената ревизија за 2004 година.
4. Усвоена е Одлуката за измена и дополнување на Статутот на Лотарија на Македонија АД Скопје.
5. Донесена е Одлука за разрешување на членови Надзорен одбор: Тодор Трпчевски, Виолета Татабитовска и Проф. Д-р Александар Николовски.
6. Донесена е Одлука за разрешување членови на Управен одбор: Митко Димов, Викторија Насковска, Стојан Настовски, Драган Наков и Драгољуб Лазов.
7. Донесена е Одлука за избор на членови на Одбор на директори, со која за членови на Одборот на директори на Лотарија на Македонија АД Скопје се избрани:
Митко Димов- Дипл.Економист - Генерален директор на Лотарија на Македонија АД Скопје;
Драган Наков-Дипл. Економист -Пом.Раководител на Сектор за трговија во Фершпед АД Скопје;
Виолета Татабитовска-Дипл.технолог-Раководител на Сектор за тарифско-конјуктурни работи во Фершпед А Д Скопје;
Драгољуб Лазов-Дипл.Правник- Пензионер;
Проф.др.Александар Николовски - Правен факултет, Доктор по правни науки- Декан на факултетот за општествени науки во Скопје (неизвршен независен член).