Известување од Комисијата за хартии од вредност
понеделник, 25 април 2005
Комисијата за хартии од вредност, постапувајќи по член 16 од Правилникот за содржината и начинот на водење Регистар на акционерски друштва, на ден 19.04.2005 година изврши бришење на четири друштва од Регистарот и запиша едно ново друштво во Регистарот, со што вкупниот број на акционерски друштва кои се водат во Регистарот изнесува 168.
Од Регистарот на акционерски друштва, поради неипсолнување на критериумите од член 55б, односно 55д од Законот за хартии од вредност, избришани се следните друштва:
- Декортекс АД Радовиш;
- Хартија АД Кочани
- Винарска визба Повардарие АД Неготино и
- ФХЛ Мермерен комбинат АД Прилеп.
Во Регистарот на акционерски друштва, согласно член 55 б од Законот за хартии од вредност запишано е следното акционерско друштво:
- Сигурносно стакло АД Прилеп.