Македонската берза АД Скопје започна со тргување преку новиот берзански електронски систем за тргување (БЕСТ).
среда, 25 април 2001
На 25.04.2001 Македонската берза АД Скопје започна со тргување преку новиот берзански електронски систем за тргување (БЕСТ). Системот е обезбеден од Љубљанска берза АД Љубљана преку Пактот за стабилност. Воедно, Македонската берза АД Скопје и Љубљанска берза АД Љубљана по промоцијата на БЕСТ системот потпишаа и Меморандум за меѓусебна соработка.