Ве известуваме дека согласно член 58а од Правилата за тргување, Македонска берза во 10:44:37 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 60 минути. Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пораст од 3,74%, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити моментално изнесуваат +-5%. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени.
Прекин на тргувањето на сите пазари на Берзата
среда, 25 март 2020