Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за прогласување на 31.03.2011 година (четврток) за неработен ден поради организирање на активности за пошумување во Република Македонија, Ве известуваме дека 31.03.2011 година (четврток) е неработен и нетрговски ден на Македонска берза АД Скопје.
Воедно, Ве известуваме дека 09.04.2011 година (сабота) е работен и нетрговски ден на Македонска берза АД Скопје.