Привремен прекин на тргувањето со РМ01
вторник, 25 март 2008

Согласно дописот од Министерството за финансии на Република Македонија, на 27, 28 и 31 Март 2008 година (четврток, петок и понеделник) привремено се прекинува тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови, со шифра на тргување РМ01, заради пресметка на каматата со состојба 01 Април 2008 година.
 
Тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови ќе продолжи во вторник, 01 Април 2008 година.