Прекин на тргувањето со РМ01 на 29, 30 и 31.03.2005 година
петок, 25 март 2005
Согласно дописот од Министерството за финансии на Република Македонија број 09-8210/1, на 29, 30 и 31 Март 2005 (вторник, среда и четврток) привремено се прекинува тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови, со шифра на тргување РМ01, заради пресметка на каматата со состојба 01 Април 2005 година.
Тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови ќе продолжи во понеделник, 04.04.2005 година.