Судски решенија во врска со тргувањето на акциите на Благој Ѓорев АД Велес
четврток, 25 март 2004
Основниот суд Велес, на 16.03.2004 година, донел Решение со кое се усвојува жалбата на должникот ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес и во целост се укинува донесеното Решение И.бр.620/04 од 27.02.2004 година, со кое им беше забрането на Македонската Берза за долгорочни хартии од вредност АД Скопје и на ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес да тргуваат, продаваат или да вршат било каков друг вид на пренос на акции на ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес и на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје да врши промена на сопствениците на акции издадени од ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес.
На 23.03.2004 година, постапувајќи по тужбата на тужителот ЗГ „Акционер“ од Велес, Основниот суд Велес донел Решение ПС.бр.52/2004 за издавање на привремена мерка со која се забранува на Македонската Берза за долгорочни хартии од вредност АД Скопје и на тужениот ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес да тргуваат, продаваат или да вршат било каков друг вид на пренос на акции издадени од тужениот ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес. На Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје му се забранува да врши промена на сопствениците на акции истргувани по горенаведениот основ, а издадени од тужениот ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес.
Имајќи го предвид горенаведеното, тргувањето со акциите на ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес на Македонската Берза АД Скопје продолжува да биде времено прекинато.