Известување од Комерцијална банка АД Скопје
четврток, 25 март 2004
Комерцијална банка АД Скопје известува за следните Одлуки донесени на Седумнаесетатта редовна седница на Собранието на Банката одржана на 24.03.2004 година:
Собранието на Банката ја потврди предложената Одлука на Управниот одбор на Банката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2003 година и го прифати предлогот износот на дивиденда за 1 приоритетна акција да изнесува 108,00 денари, односно 10,8% во однос на нивната номинална вредност и износот на дивиденда за 1 обична акција да изнесува 375,00 денари, односно 7,5% во однос на нивната номинална вредност.
Собранието на Банката го прифати предложениот дивиденден календар:
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2003 година е 06.04.2004 година.
Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2003 година е 07.04.2004 година
Датум на стекнување на правото на дивиденда за 2003 година е 09.04.2004 година
Исплатата на дивиденда за 2003 година ќе започне на 19.04.2004 година.
Собранието на акционери на Банката донесе Одлука за одобрување за купување на сопствени акции. Основни одредби од Одлуката се:
Собранието на Комерцијална банка А.Д. Скопје одобрува откупување до 21.000 обични сопствени акции во вкупна номинална вредност од 105.000.000,00 денари.
Купувањето на сопствените акции Банката ќе го врши од делот од добивката утврдена за период 01.01.2003 година до 31.12.2003 година распореден за откуп на сопствени акции во износ од 42.000.000,00 денари.
Номиналната вредност на сопствените акции што Банката може да ги откупи изнесува до 5,2 % од номиналната вредност на акционерскиот капитал на Банката.
Откупот на акциите ќе се извршува најдоцна до 24.03.2005 година.
Најниската цена што може да се исплати за купување на сопствените акции се утврдува на 2.000,00 денари за една обична акција, а највисоката цена што може да се исплати за купување на сопствените акции се утврдува на 5.000,00 денари за една обична акција.
Собранието на Банката ја донесе продложената Одлука за замена на приоритетни акции во обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Во Одлуката стои:
Сопствениците на приоритетни акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, можат да ги заменат приоритетните акции во обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Замената на акциите се врши во однос 5 приоритетни акции со поединечна номинална вредност од 1.000,00 денари за 1 обична акција со поединечна номинална вредност од 5.000,00 денари.
Времето во кое може да се врши замената се утврдува до 31.12.2006 година.
За бројот на заменети приоритетни акции се зголемува бројот на обичните акции издадени од Банката.
Постапката за замена на приоритетните во обични акции се врши врз основа на поднесено писмено барање од сопственикот на приоритетни акции и приложен Извод од сметка издадена од ЦДХВ на која истите се регистрирани.
Банката во рок од 5 дена од денот на приемот на писменото барање од сопственикот на приоритетни акции ќе достави барање до ЦДХВ да изврши замена на приоритетните во обични акции, односно замената на акциите да ја евидентира на сметката на акционерот и во акционерската книга на Банката.
Собранието на Банката донесе Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на Банката и Одлука за назначување на член на Управниот одбор, согласно кои е разрешен по негово барање членот на УО од Европската банка за обнова и развој Алистаир Турнбул, а на негово место е назначен Клаудио Виецоли исто така од Европската банка за обнова и развој.