Неревидирани Биланси на успех за 2004 година на Бетон АД Скопје и Макпетрол АД Скопје и деловни планови за 2005 година на Макпетрол АД Скопје
петок, 25 февруари 2005
Бетон АД Скопје и Макпетрол АД Скопје ги доставија неревидираните биланси на успех за периодот 01.01.-31.12.2004 година.
Билансите може да се најдат на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Макпетрол АД Скопје информира за плановите за деловната 2005 година:
Во деловната 2005 година Друштвото планира да оствари промет на 381.900 тони нафтени деривати што претставува зголемување во однос на остварениот промет во 2004 година за 5%. Се планира остварување на финансиска реализација од прометот со трговски стоки и услуги во висина од 14.073 милијарди денари односно планирано е остварување на вкупен приход во висина од 14.713 милијарди денари. Од тој обем на реализација се очекува остварување на добивка во висина од 38 милиони денари. Во деловната 2005 година раководниот тим на Друштвото не планира да предложи исплата на дивиденда од добивката за 2004 година.
Во текот на 2005 година планирани се активности околу тековно и инвестиционо одржување на објектите во висина од 46,5 милиони денари. Планирана е и делумна и целосна реконструкција на постојни објекти во вкупна вредност од 238 милиони денари. Исто така се планира и изградба на две нови бензински станици во вкупна вредност од 93 милиони денари.