Известување од Гранит АД Скопје во врска со порастот на цената на акциите на друштвото
петок, 25 февруари 2005
Во врска со порастот на цената на акциите издадени од Гранит АД скопје, менаџментот на друштвото до Македонската Берза достави известување во кое како причини за порастот на цената ги наведува:
- Гранит АД Скопје е компанија со добри финансиски резултати, со обезбедена работа во Хрватска и Украина за наредниот период, со што станува многу интересна за вложување на странски капитал и
- Како купувачи на акциите на Гранит АД Скопје се јавуваат поединци и инвестициони фондови од Словенија и Хрватска, кои наоѓаат свој интерес за откуп на акции на Гранит АД Скопје кои слободно се продаваат на Берзата.
При тоа, менаџментот на Гранит АД Скопје наведува дека нема сознанија за евентуална намера за преземање на друштвото од некој од фондовите, ниту пак постојат такви писмени или усмени договори.