Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за исклучување од котација на акциите на Киро Ќучук АД Велес и за котација на Континуираната државна обврзница бр.4
вторник, 25 декември 2007
Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 24.12.2007 година, на барање на издавачот, донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Киро Ќучук АД Велес и за котација на Континуираната државна обврзница бр.4 во 2007.
Акциите на Киро Ќучук АД Велес се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 26.12.2007 година. Од истиот датум со акциите на Киро Ќучук АД Велес ќе може да се тргува на Редовниот пазар на Македонската берза.
Континуираната државна обврзница бр.4 во 2007 е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Континуирана државна обврзница бр.4 во 2007 година, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 434.000.000 МКД;
- Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 43.400;
- Датум на издавање: 26.11.2007 година;
- Каматна стапка: 6,50% годишно. Каматата се пресметува од 26.11.2007 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 26.11.2009 година;
- Начин на отплата: Каматата се исплатува еднаш годишно, на 26.11., во период од две години. Главнината пристигнува за исплата по истекот на две години од издавањето, односно на 26.11.2009 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 26.12.2007 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF20G127;
- Шифра за тргување на Берзата: ДО161109.