Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 24.11.2004 година
четврток, 25 ноември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 24.11.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 182 сопствени обични акции, и тоа:
o 25 акции по цена од 1.849 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 157 акција по цена од 1.850 денари за една акција, преку 5 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 24.11.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје – 1.177 обични акции.