Акциите на Галеб АД Охрид и Технокомерц АД Скопје исклучени од котација
вторник, 25 ноември 2003
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 24.11.2003 година, заради неисполнување на условите за котација наведени во член 2.12 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Македонската Берза, донесе Одлуки за исклучување од котација на акциите на:
- Галеб АД Охрид и
- Технокомерц АД Скопје.
Акциите на овие друштва ќе бидат исклучени од котација од 26.11.2003 година. Од тој датум со акциите на Галеб АД Охрид и Технокомерц АД Скопје ќе може да се тргува на Неофицијалниот пазар на Берзата.