Друштвата Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица на 30.05.2022 година се внесени на „Листата за набљудување“ поради донесени одлуки од собрание на акционери за преобразба на друштвата до д.о.о..
На 25.10.2024 година издавачите Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица преку СЕИ-Нет објавија известувања за примена намера за преземање на друштвата.
Имајќи предвид дека друштвата веќе се внесени на „Листата за набљудување“, донесен е заклучок за проширување на причините за внес на издавачите Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица на „Листата за набљудување“, поради причината објавена намера за преземање на друштвото.
„Листата за набљудување“се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.