Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвото Идевелоп АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 26.01.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.
За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачот Идевелоп АД Скопје не го губи статусот на котирано друштво, но е должен во односите со трети лица и во јавноста да истакнува дека е долгорочно суспендиран од котација на Берзата. Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, Идевелоп АД Скопје нема постојани обврски за известување согласно Глава VI од Правилата за котација.
За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од Идевелоп АД Скопје се тргуваат на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, при што за издавачот важат законските обврски за известување за тој подсегмент.
Со донесената Одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува Одлуката од 09.11.2020 година за внесување на Идевелоп АД Скопје на Листата на набљудување и врз основа на тоа издавачот се брише од Листата на набљудување.