Ве известуваме дека на седницата одржана на 25.01.2008 година Одборот на директори на Македонската берза донесе заклучок со кој од 28.01.2008 година на АДГ Маврово Скопје му се враќа статусот на котирано друштво.
Тоа подразбира дека АДГ Маврово Скопје повторно ги има сите обврски согласно Правилата за котација и склучениот Договор за котација помеѓу Македонската берза АД Скопје и АДГ Маврово Скопје, при што друштвото особено треба да води сметка дека во периодот додека траеше временото суспендирање од котација (од 28.11.2007 до 26.01.2008 година) истото немаше обврски за известување согласно Правилата за котација и не објавуваше ценовно чувствителни информации преку СЕИ-НЕТ.
Известување во врска со статусот на котацијата на АДГ Маврово Скопје
петок, 25 јануари 2008