Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 24.01.2006
среда, 25 јануари 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 24.01.2006 година Охридска банка АД Охрид изврши откуп на 150 сопствени обични акции по цена од 7.578 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 24.01.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на:
-380 сопствени обични акции по цена од 30 денари за една акција, преку 2 трансакции;
-571 сопствени обични акции по цена од 31 денари за една акција, преку 3 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 24.01.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Комерцијална банка АД Скопје - 185 обични акции,
-Комерцијална банка АД Скопје - 79 приоритетни акции,
-Скопски Пазар АД Скопје - 109 обични акции,
-Отекс АД Охрид – 154 обични акции.