Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 24.01.2005 година
вторник, 25 јануари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 24.01.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции: - Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 389 сопствени обични акции, и тоа: o 36 акции по цена од 2.020 денари за една акција, преку 2 трансакции; o 353 акции по цена од 2.050 денари за една акција, преку 2 трансакции. Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 24.01.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): - Фершпед АД Скопје - 25 обични акции.