Согласно дописот од Министерството за финансии на Република Македонија, на 25, 26 и 29 Септември 2008 година (четврток, петок и понеделник) привремено се прекинува тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови, со шифра на тргување РМ01, заради пресметка на каматата со состојба 01 Октомври 2008 година.
Тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови ќе продолжи во среда, 01 Октомври 2008 година.