Известување од Топлификација АД Скопје
среда, 24 август 2005
Во врска со порастот на цената на акциите на Топлификација АД Скопје, раководството на друштвото достави известување до Македонската Берза во кое истакнува дека не поседува одредена ценовно чувствителна информација која би можела да има влијание на движењето на цената на акциите. Раководството на Топлификација АД Скопје смета дека порастот на цената, можеби се должи на извесниот меморандум за разбирање и соработка помеѓу руската компанија Итера и Владата на Република Македонија која меѓу другото опфаќа и изградба на гасна турбина, а која во јавноста се поврзува со името на Топлификација АД Скопје.