Известување од Стопанска банка АД Битола
среда, 24 август 2005
Во врска со порастот на цената на обичните акции на Стопанска банка АД Битола, раководството на банката достави известување до Македонската Берза во кое истакнува дека не поседува одредена ценовно чувствителна информација која би можела да има влијание на движењето на цената на акциите. Раководството на Стопанска банка АД Битола смета дека порастот на цената на акциите е резултат на објавените финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2005 година на веб страниците на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, во кои е прикажана остварена добивка во износ од 160 милиони денари, која е поголема за 77,6% во однос на истиот период од минатата година.