Котација на државни обврзници (граѓанска обврзница)
понеделник, 24 јули 2023

Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 25.07.2023 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

     Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула (граѓанска обврзница)
     Вредност на емисијата: 1.448.030.000,00 МКД
     Број на издадени хв: 144.803
     Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
     Датум на издавање: 20.07.2023
     Датум на достасување: 20.07.2025
     Каматна стапка: 5,00%
     Шифра на тргување: G200725
     ИСИН: MKMINF20GАB8