Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфер на акции на котирани друштва
понеделник, 24 јуни 2019

Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:

 

На 21.06.2019 година Адинг АД Скопје изврши откуп на 400 сопствени обични акции по цена од 679 денари за една акција, преку 1 трансакција.

 

Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.06.2019 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:

 

- Трготекстил-Малопродажба АД Скопје – 574 обични акции

- РЖ Услуги АД Скопје – 400 обични акции

- Жито Лукс АД Скопје – 275 обични акции.