Акциите на Жито Струмица АД Струмица исклучени од котација
вторник, 24 мај 2005
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 23.05.2005 година донесе Одлука за исклучување од котација на акциите на Жито Струмица АД Струмица, на барање на друштвото.
Акциите на Жито Струмица АД Струмица се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 24.05.2005 година. Од истиот датум со акциите на Жито Струмица АД Струмица ќе може да се тргува на Неофицијалниот пазар на Македонската берза.