Ревидиран извештај за 2003 година на Гранит АД Скопје
понеделник, 24 мај 2004
Гранит АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 183.230.000 денари. Вкупната актива на Гранит АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 4.620.819.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 2.973.654.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Гранит АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.