Нова котација
четврток, 24 април 2003
Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје на 23.04.2003 година, донесе Одлука за прием на акциите на Агросервис Автокуќа АД Скопје за котација на Официјалниот пазар на Македонската берза АД Скопје со основна главнина од 51.911 обични акции по номинална вредност од 55,22 Евра. Со оваа акција на Официјалниот Пазар на Македонската берза АД Скопје ќе се тргува од 05.05.2003 година.