Трајно исклучување на ИДЕЈА ПЛУС БРОКЕР АД Радовиш од членство во Берзата
среда, 24 март 2010
Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.УП1-08-32 на Комисијата за хартии од вредност донесено на ден 05.03.2010 година со кое се одзема дозволата за работа на брокерската куќа ИДЕЈА ПЛУС БРОКЕР АД Радовиш, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката ИДЕЈА ПЛУС БРОКЕР АД Радовиш. Оваа одлука ќе се применува од 24.03.2010 година.
 
Со трајното исклучување од членство, членката ИДЕЈА ПЛУС БРОКЕР АД Радовиш го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон ИДЕЈА ПЛУС БРОКЕР АД Радовиш кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на ИДЕЈА ПЛУС БРОКЕР АД Радовиш, остануваат во сила.