Информација за блок трансакцијата со акциите на АД ЕСМ
петок, 24 март 2006
Постапувајќи во согласност со член 1 од Одлуката за реализација на купопродажбата на акции во државна сопственост во АД ЕСМ („Службен весник на РМ“ бр.28/2006), а по добиената инструкција од Министерството за економија за реализација на блок трансакција за купопродажба на државни акции во АД ЕСМ бр.12-2382/1 од 23.03.2006 година, Берзата изврши регистрација на блок трансакцијата за купопродажба на акции во државна сопственост во АД ЕСМ. Вкупната вредност на блок трансакцијата изнесува 10.722.774.011,88 денари (175,2 милиони евра), со која купувачот ЕВН АГ стана сопственик на 10.467.268 обични акции на АД ЕСМ, што претставува 70,10% од вкупниот број на акции на АД ЕСМ.