Неревидиран Биланс на успех за 2004 година на Агроплод АД Ресен и Дневен ред на Собрание на акционери
четврток, 24 март 2005
Агроплод АД Ресен го достави неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.12.2004 година. Билансот може да се најде на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Агроплод АД Ресен известува дека закажаното Собрание на акционери на друштвото за 19.03.2005 година, се презакажува за 02.04.2005 година (сабота) со почеток во 10 часот, со следниот Дневен ред:
I. Процедурален дел
Отворање на Собранието.
Избор на работни тела.
Верификациона комисија.
Извештај на Верификационата комисија.
Записничар-Нотар.
Комисија за спроведување на тајно гласање.
II. Работен дел
Избор на претседавач на Собранието.
Усвојување на Записникот од седницата на Собранието на акционери на Агроплод АД Ресен одржана на 13.05.2004 година.
Разгледување и усвојување на завршната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за работа на друштвото.
Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и финансиските извештаи.
Предлог Одлука за усвојување на годишниот извештај за работењето на друштвото.
Извештај на Ревизорска куќа за извршената ревизија за 2004 година.
Предлог Одлука за покривање на загубата.
Именување на Ревизорска куќа за ревизија на завршната сметка за 2005 година.
Одобрување на работата и на водењето на работењето со друштвото на членовите на Одборот на директори.
Предлог Одлука за измена и дополнување на Статутот на Агроплод АД Ресен.
Разрешување на неизвршните членови на Одборот на директори.
Избор на членови на Одбор на директори.
Одлука за назначување на лице за поднесување на Пријавата за упис во трговски регистар на избраниот Одбор на директори.