Известување од Стопанска банка АД Битола
четврток, 24 март 2005
Стопанска банка АД Битола известува дека на 17-та седница на Собранието на акционери одржана на 23.03.2005 година, меѓу другото, е донесена Одлука за потврдување на Одлуката на Управниот одбор за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2004 година.
Износот на дивиденда за една акција (обична и приоритетна) изнесува 501,00 денар, односно 16,7% во однос на номиналната вредност на една акција. Исто така, донесена е и предложената Одлука за дивиденден календар, во текст како што е објавена во Повикот за Собранието на акционери на Банката.