Известување од Охридска банка АД Охрид
четврток, 24 март 2005
Охридска банка АД Охрид известува дека XIII-та седница на Собранието на акционерите на Банката ќе се одржи на ден 25.03.2005 година (петок) со почеток во 12,00 часот, во салата за седници на хотелот „Горица“ Охрид, со следниот Дневен ред:
I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
1. Отворање на Собранието.
2. Избор на работни тела:
- Верификационата комисија,
- Комисија за спроведување на тајно гласање за избор на органи на Банката,
- Записничар и двајца заверувачи на записникот.
3. Извештај на Верификационата комисија.
II. РАБОТЕН ДЕЛ
1. Утврдување на дневниот ред од работниот дел.
2. Усвојување на Записникот од 12-та седница на Собранието на Банката.
3. Воведно излагање на членот на Работоводниот орган на Банката.
4. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на Управниот одбор на Охридска банка АД Охрид за 2004 година, со
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Управниот одбор на Охридска банка АД Охрид за 2004 година.
5. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на Одборот за ревизија на Охридска банка АД Охрид за 2004 година со
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одборот за ревизија на Охридска банка АД Охрид за 2004 година.
6. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на Охридска банка АД Охрид за 2004 година со
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Охридска банка АД Охрид за 2004 година.
7. Разгледување и усвојување на Извештајот на овластената ревизорска куќа „КПМГ Македонија“ Скопје, за работењето на Банката во 2004 година, со
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот на овластената ревизорска куќа „КПМГ Македонија“ Скопје, за работењето на Банката во 2004 година.
8. Усвојување на Годишната сметка на Охридска банка АД Охрид за 2004 година, со
- Предлог-Одлука за усвојување на Годишната сметка на Охридска банка АД Охрид за 2004 година,
- Предлог-Одлука за потврдување на Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка на Охридска банка АД Охрид, со годишната сметка за 2004 година.
9. Деловна политика на Охридска банка АД Охрид во 2005 година
- Предлог-Одлука за потврдување на Деловната политика на Охридска банка АД Охрид во 2004 година.
10. Предлог-Одлука за давање овластување на Управниот одбор на Охридска банка АД Охрид за вршење на измени и дополнувања на Статутот на Охридска банка АД Охрид, во делот на капиталот.
11. Предлог-Одлука за издавање на акции од 9-та емисија на Охридска банка АД Охрид
12. Предлог-Одлука за откуп на сопствени акции.
13. Предлог-Одлука за давање согласност за назначување на Друштво за ревизија за работењето на Охридска банка АД Охрид, за 2005 година.
14. Предлог-Одлука за потврдување на листата на нето должниците на Охридска банка АД Охрид, за 2004 година.
15. Одлука за именување на Претседател и заменик претседател на Собранието на Банката.
16. Одлука за назначување членови на Управниот одбор на Банката.
17. Одлука за именување членови на Одборот за ревизија на Банката.