Известување од Хотели-Метропол АД Охрид
четврток, 24 март 2005
Хотели-Метропол АД Охрид известува за следното:
Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 11.04.2005 година во 12,00 часот, во салата на хотел МЕТРОПОЛ Охрид, с. Конско. За работа на седницата на Собранието се предлага следниот Дневен ред:
ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ:
1. Отворање на Собранието
2. Избор на претседавач на собранието, избор на верификациона комисија
3. Извештај од Верификационата комисија
РАБОТЕН ДЕЛ:
1. Усвојување на Записник:
-бр. 02-87 од 21.04.2004 година.
2. Разгледување и усвојување на Одлуката за измени и допол- нување на Статутот на ,,Хотели МЕТРОПОЛ,, АД Охрид согласно ЗТД
3. Разгледување и одобрување на Извештаите за работењето на,,Хотели МЕТРОПОЛ,, АД Охрид за 2004 година поднесени од страна на Управниот одбор и Надзорниот одбор.
4. Разгледување на годишната сметка на ,,Хотели МЕТРОПОЛ,, АД Охрид за 2004 година и донесување на:
-Одлука за усвојување на годишната сметка за 2004 година и
-Одлука за распределба на добивката според годишната сметка за 2004 година.
-Извештај за извршена ревизија од страна на овластен ревизор за 2004 година, со Мислење.
5. Донесување на Одлука за разрешување на членови на Надзорен одбор.
6. Донесување на Одлука за разрешување на членови на Управен одбор.
7. Донесување на Одлука за избор на членови на Одбор на директори.
8. Донесување Одлука за назначување на овластен ревизор на годишната сметка и финансиските извештаи за 2005 год.