Прекин на тргувањето со обврзниците за исплатување на депонираните девизни влогови
среда, 24 март 2004
Согласно дописот од Министерството за финансии на Република Македонија со број 09-6766/1 од 24.03.2004 година, на 29, 30 и 31 Март 2004 привремено се прекинува со тргувањето со обврзници РМ01 издадени од Република Македонија.
Согласно Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните, по кои гарант е Република Македонија, (Службен весник на РМ бр.32/2000, 108/2000, 04/2002 и 42/2003) исплатата на главнината и каматата на обврзниците издадени за исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните за периодот од 01 Октомври 2003 до 31 Март 2004 година се врши на 01 Април 2004 година.
Имајќи ги предвид Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, според кои порамнувањето на трансакциите со обврзниците се врши во период од три дена од денот на склучувањето на трансакцијата, заради пресметка на каматата со состојбата 01.04.2004 година, привремено се прекинува тргувањето со обврзниците на РМ01 на 29, 30 и 31 Март 2004 година.