Известување од Топлификација АД Скопје
среда, 24 март 2004
Топлификација АД Скопје известува за следното:
• Собранието на акционери на Топлификација АД Скопје ќе се одржи на 15.04.2004 година;
• Бруто добивката по годишната сметка за 2003 година е 5,34% од номиналната вредност на една акција. Управниот одбор на Топлификација АД Скопје му остава на Собранието на друштвото да реши колкав дел од добивката ќе се исплати како дивиденда на акционерите;
• Дивиденден календар на Топлификација АД Скопје:
o Прв ден на тргување без право на дивиденда е 27.04.2004 година;
o Последен ден на тргување со право на дивиденда е 26.04.2004 година;
o Дата на пресек на книга на акционери 29.04.2004 година.
Дивидендата ќе се исплаќа во законски пропишаниот рок - до 30.09.2004 година.