Ве известуваме дека согласно член 58а од Правилата за тргување, Македонска берза во 12:23:05 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 30 минути. Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пад од 8,39%, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени.
Прекин на тргувањето на сите пазари на Берзата
четврток, 24 февруари 2022