Согласно добиеното Решение од Комисија за хартии од вредност на ден 23.02.2011 година со кое се изрекува привремена забрана за вршењето на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Нови Триглав АД Скопје известуваме за следното:
Членката Нови Триглав АД Скопје е суспендирана од тргување со хартии од вредностна Македонска берза АД Скопје во времетраење од 30 работни дена, започнувајќи од ден 24.02.2011 година. Воедно, согласно Решението од КХВ, брокерската куќа Нови Триглав АД Скопје ќе биде привремено исклучена од членство во периодот на траење на забраната.